Што е Еразмус+?

Еразмус+ е програма на ЕУ за поддршка на образованието, обуката, младите и спортот во Европа.

Буџетот на програмата е проценет на 26,2 милијарди евра. Ова е речиси двојно повеќе од финансирањето во споредба со програмата претходничка (2014-2020).

Програмата 2021-2027 става силен фокус на социјалната инклузивност, зелените и дигиталните транзиции и промовирањето на учеството на младите во демократскиот живот.

Ги поддржува приоритетите и активностите утврдени во Европската Образовна Област (European Education Area), Акциониот План за Дигитално Образование (Digital Education Action Plan) и Европската Агенда за Вештини (European Skills Agenda).

Програмата исто така:

  • го поддржува Европскиот Столб за Социјални Права,
  • ја спроведува Стратегијата на ЕУ за млади 2019-2027, и
  • ја развива европската димензија во спортот.

Можности

Еразмус+ нуди можности за мобилност и соработка во:

  • Високо Образование

  • Стручно Образование и Обука.
  • Училишно образование (вклучувајќи образование и грижа во раното детство).
  • Образование за Возрасни.
  • Млади.
  • Спорт.

Детални информации за овие можности, вклучувајќи ги критериумите за подобност, се достапни во Водичот за програмата Еразмус+.

Резултати

Резултатите од Еразмус+ се достапни во извештаи и статистички збирки, како и преку Платформата за Еразмус+ проекти. Ова ги вклучува повеќето иницијативи финансирани од програмата и избор на добри практики и успешни приказни.

Посетете ја официјалната страница на Еразмус+:
https://erasmus-plus.ec.europa.eu/sl/about-erasmus/what-is-erasmus

Придружни партнери

UNIRI | Sveučilište u Rijeci
Croatia
Universidad de Málaga
Spain
TalTech | Tallinna Tehnikaülikool
Estonia
International Balkan University (IBU)
North Macedonia
Slovenia
Mednarodna podiplmska šola Jožeta Štefana
Slovenia

Jožef Stefan International Postgraduate School

Hochschule Offenburg
Germany

Резултати од проектот

Образовен портал

ФутурИА е основна алатка за учење на Вештачка Интелигенција (АI) на различни нивоа предложени во овој проект, а тоа е столбот кој го гарантира и поддржува неговото влијание. FuturIA е прилагоден едукативен портал кој обезбедува контакт меѓу студентите и наставниците, и поддржува интеракција преку употреба на ресурси и активности: разговори, форуми, вики-ја (wiki) и видеоконференции; документи, веб-страници и линкови; меѓу другото и прашалници и проекти.

Развој на наставна програма (курикулум)

Подучувањето за Вештачка Интелигенција на публика од повеќе области бара јасна наставна програма, главно сет на наставни водичи за онлајн модули. Наставната програма е резултат на ригорозна анализа на моменталната состојба на Вештачката Интелигенција во земјите, партнери во проектот од различни гледишта: јавни политики, општо знаење за вештачката интелигенција, прецизно дефинирање на Вештачката Интелигенција во мултидисциплинарни средини, студиски програми во високо образование и тековни потреби во ЕУ, како од јавна, така и од приватна перспектива.

Наставен материјал

FuturIA обезбедува модули на учење прилагодени според публиката на проектот, дистрибуирани на следниов начин:

  • Модул за концептуален вовед во Вештачката Интелигенција чија цел е да им обезбеди клучни дигитални вештини награѓаните.

  • Неколку модули за вовед во Вештачката Интелигенција што се фокусира на основните реални случаи каде што може да се примени вештачката интелигенција.

  • Неколку практични модули за специфични примени на Вештачката Интелигенција во одредени области како што се земјоделството, медицината, економија , рекламирање , безбедност, игри или IoT. Овие модули само бараат знаење стекнато преку претходните два, што ја прави FuturIA самостојна платформа.

Видеа

Видеата се непроценлив елемент во секоја добра наставна платформа, бидејќи го поддржуваат остатокот од дидактичкиот материјал. Видеата имаат аудио на англиски и преводи – титлови на шесте јазици на земјите учеснички. Нивните структури се хомогени, иако добро прилагодени на специфичните концепти кои треба да се пренесат и имаат дефинирана приказна, почнувајќи со јасно објаснување на целите од самиот почеток.